Skopje Sounds Good и Skopje Calling откажани поради тридневната жалост во Македонија

    253

    Поради прогласената тридневна жалост во земјава, Авалон продукција, ја информира јавноста дека ги откажа своите претстојни фестивали, преку допис пратен до медиумите
    Прво би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово.

    Ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо.

    Второ, се разбира дека настаните коишто требаше да се случат денеска (Skopje Sounds Good) и во петок и сабота (Skopje Calling) се откажани поради прогласената тридневна жалост во Македонија.

    Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација на во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09).

    Авалон Продукција

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.