Со дефиле и палење на маските денеска завршува Вевчанскиот карневал

45

Хроничарите на Вевчани сметаат дека Вевчанскиот карневал постои постои повеќе од 15 века и со него се одбележува христијанскиот празник свети Василиј и доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијански календар.

И годинава, токму на овој голем христијански празник Василица , со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва од Горна и Долна Маала во центарот на Вевчани, ќе заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал.

Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото и оти ќе имаат среќна и бериќетна година.  Инспирирани од актуелните случувања во државата и светот на сатиричен начин ги исмеваат, но и упатуваат силни пораки кон политичарите и општеството. Оваа година во фокусот беа Талибанците, кои подоцна ја окупираа Општинската зграда, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски… Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоини,  ја исмеаја енергетската криза со инвестиции во зелена енергија и во производство на струја, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лебче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ и за неговиот настап на „Австралија опен”.

Bевчанци потсетуваат и на убавите работи така потсетија на хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите …, како и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните.

Се на се убав театар на отворено три дена и ова Лето Господово 2022-ро.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.