Статуафест и Баскеркараван- уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи во Скопје

1696

Оваа година, Скопје повторно ќе доживее нешто необично и прекрасно. Ви го најавуваме второто, проширено издание на Интернационалниот уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи Статуафест и Баскеркараван. Настапуваат баскери со свои баскер улични настапи од Шпанија, Бугарија, Венецуела, Германија… Статуи и walk by acts ни доаѓаат од Србија, Украина, Бугарија и секако да не ги заборавиме професионалните артисти од нашата земја.

Кики ни носи од Шпанија егзотично и уникатно баскер шоу, а вие несомнено треба да дојдете и да проверите со што ќе ни се претстави,

Fuzzbubble Jaas  на Статуфест и Баскеркараван настапуваат со свое спектакуларно светлосно баскер шоу кое остава без здив. Инаку тие се професионални артисти од нашата земја и долго време работат и се промовирани на светско ниво.

Баскер шоуто ВИСКИ е една секојдневна ситуација прикажана на несекојдневен начин, а ќе ве насмее до солзи. Дури и ќе заборавите на сите проблеми, макар и на оние слични на овој!

Се гледаме на улица, порачуваат организаторите Театроск.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.