сабота 2 ноември, 2024
Почетна КУЛТУРА УНЕСКО- Бројчаникот за спас на Охрид и Охридското езеро е поставен

УНЕСКО- Бројчаникот за спас на Охрид и Охридското езеро е поставен

Осврт на М-р Татјана Гогоска , главен и одговрен уредник на куларт.мк

Македонскиот бисер Охрид и Охридското езеро, поради големиот број на цркви и манастири е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО, цели 39 години, од  30 април 1980-та години, кога Унеско под своја закрила го зеде Охрид.

На тоа претходеше , 5-ти септември 1979 година, кога под закрила на оваа меѓународна организација прво беше ставено Охридското езеро.

Последниве десетина години од седиштето на УНЕСКО во Париз беа упатени низа  забелешки кои најмногу се однесуваа на сериозното нарушување на автентичноста на старото градско јадро, поради огромното количество бетон и друг градежен матерјал, како и новите градби кои  не се во склоп со традиционалнта архитектура од овој регион. Сепак Охрид успеа да го задржи епитиетот „Град под заштита на УНЕСКО“, но последниве настани тоа го ставија под голем прашалник, за што сведочи и последната 43. седница на УНЕСКО што се одржа на 5-ти јули во Баку.

Во Баку претставниците од Македонија, се чини демонстрираа уште едно непочитување на оваа престижна конвенција на УНЕСКО, со тоа што се направи обид да се манипулира на слабостите на Комитетот. Се купи време, за да продолжи да се работи како и до сега. Она што не успеа да го сработи за 24, сега треба да го сработи за 8 месеци.

Човечката злоба, криминалот на општинските и државните власти го доведоа ова подрачје заштитено со најпрестижното УНЕСКО, да биде на чекор пред исклучување. И овој пат  Универзумот даде нова шанса, ова македонско богатсво да се заштити, зошто не сакаме да помислиме што  ќе се случува ако не е заштитено. За неколку денцени ќе биде со комплетно изменет облик и уништено.

„Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, од денес ќе знаеме уште точно колку време остана до 1-ви февруари 2020 година“, соопштија од порталот OhridPress кои на својата интернет страница на 6.јули  поставија „UNESCO Бројчаник“ ,кој го одбројува времето, до кога македонските власти треба да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, рок поставен на 43. сесија на УНЕСКО што се одржи во Баку, Азејберџан.

UNESCO донесе Одлука да му даде уште една шанса на Охрид. Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја. Одлуката  подразбира мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, уривање на дивоградбите, изработка на детална анализа за состојбите во регионот и ревиталзација на колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото, дел кој чека официјално да влезе во УНЕСКО од 1979-та година и сега е ставен на приоритетната листа.

Инаку, Унеско е Oрганизација за oбразование, наука и култура на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. Спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои се промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат интернационалните договори за заштита на светското културно наследство. Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год, а Охрид многу порано-1980-та. На 5-ти септември оваа година ќе бидат 40 години како Охридското езеро е под закрилата на УНЕСКО.

Чудесен парк во Исланд на листата за прием во УНЕСКО

Веќе на листата на Унеско се нови подрачја, градби, знаменитости од целиот свет кој чекаат да влезат под заштитата на УНЕСКО. И се прашуваме: Дали е толку тешко тоа што Бог ти го дал и Светот ти го заштитил да го сочуваш а да ја потиснеш злобата, алчноста и престижот на лично ниво? Секој Македонец верувам дек е засрамен иако не бил ни мал дел од ова уништување. Тие сопственици на 1064 незаконски градби како се чувствуваат? И тука големото прашање, што прави власта во Македонија сите овие години. Ако се знае дека претходната покажа непочитување кон Конвенцијата за светско наследство, кога дозволи регионот да дојде до реактивен мониторинг во 2017, актуелнава покажува подеднакво непочитување, кога со неточни и извештаи кои требаше да ја затскријат реалната состојба на регионот, си дозволи обид да го прелаже Центарот за светско наследство.

Како и да е срамот и обврската спрема Охрид и Охридското езеро е на сите граѓани на Македонија зошто е еден и единствен.

Документарниот филм „Охридско Езеро: Загрозено светско наследство“ го изработи Институтот за комуникациски студии. Заслужува да се погледне !

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }