Вики Камп – Маворово 2022

248

Здружението ГЛАМ Македонија кое работи на организирање на настани поврзани со слободната енциклопедија Википедија во соработка со училиштата низ Македонија и наставници-ментори на Вики Клубовите, организираше Вики Камп за ученици од различни градови од Македонија.

Вики Кампот беше во траење од три дена, од 6 до 8 мај 2022 година и  се одвиваше во Комплекс Кораб Трница во Мавровскиот регион. Учествуваа 40 ученици од основни и средни училишта во Македонија, кои преку меѓусебно запознавање и дружење имаа можност да се запознаат и да бидат обучени за уредување на статии на Википедија на македонски јазик.

Во текот на овие три дена создадоа 353 нови статии на теми за флора и фауна на Википедија на македонски јазк. Меѓу другите активности на Вики Кампот се одвиваа предавања и обуки и заеднички работилници  за напредно уредување на Википедија. Стана збор и за начинот на спроведување на експедициските теренски истражувања од областа на географијата, природата, земјоделството, културното наследство, архитектурата и археологијата. Исто така учениците имаа можност за организирана прошетка во Шаркова дупка, како и предавање на дипломиран еколог Икмет Ејупи од Националниот Парк Маврово.

Вики Камповите се добра можност младите википедијанци да стекнат сигурност во уредувањето статии на Википедија, како и можност да ги разгледаат убавините на местото каде што се одвива Вики Кампот, изјави претседателката Снежана Штрковска.

Инаку ова е четврт Вики Камп во организација на ГЛАМ Македонија.

 

 

 

 

metropolis-big