ВИКИПЕДИЈА – УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО ВЕВЧАНИ

51

Во организација на здружението ГЛАМ Македонија, успешно беше реализиран семинарот за наставници од ОУ Страшо Пинџур во Вевчани.

Семинарот е дел од серијата вакви настани во организација на ГЛАМ Македонија на кои се обработуваат теми како медиумската писменост и култура, како и можностите и предизвиците кои ги носи користењето на Википедија – слободната енциклопедија во рамки на наставните програми.

На предавањата, учество земаа дури 21 наставник по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз децат, професорката Наташа Неданоскаактивната работа на Википедијанците во Охрид со што имаат голем продонес на збогатување на содржини на македонски јазик на оваа најголема Енциклопедија како и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата и постојаните напори кои ги прави  бројт на пишувани статии на македонски јазик да се зголеми.

Овие настани се од особена важност имајќи предвид дека Википедија е најпопуларната и најкористената онлајн енциклопедија – ризница на информации од која се „храни“ широката популација, но и професионалците.

Здружението ГЛАМ Македонија веќе со години е едно од најактивните во збогатување на бројот на статии на Википедија на македонски јазик, кој од ден во ден се зголемува.

Покрај другото, наставниците од ОУ Страшо Пинџур во Вевчани беа запознаени и со активностите на Вики Клубот од Охрид.

Од ГЛАМ Македонија најавуваат уште бројни активности кои се планирани за 2022 година, а кои ќе придонесат за подобро запознавање со Википедија кај најмладите, како и нивно вклучување во креирање на содржини за збогатување на енциклопедијата со македонски статии.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.