Вистинско време за апокалипсичен трилер на Филип Петровски – Последната книга на планетата земја

1769

За романот „Последната книга на планетата земја„ од Филип Петровски

Коинциденција или не… пред околу година ипол излезе овој мистериозен роман кој ја опишува сегашноста. Вирусот е пуштен и никого не чека… од кого, зошто, со која цел намера и позадина, и како?!

Што се крие зад сценариото кое ни го сервираат? Дејството во книгата ќе не одведе до храмот на злото во овој свет, каде што извираат сите зли проекти врз невиниот човек. Живееме според плановите на светски сили, но главниот лик ќе ни ја покаже  целосната вистина, зад сите т.н. сервирани вистини. Лагата ќе да се расплетува низ дејствата во книгата…

Краток извадок – “Главниот проблем на човекот бил самиот човек. Измислил вештачки вируси кои што резултирале со милионски жртви. Но, и тоа не е најстрашното. На крајот на претставата наречена живот на планетата Земја го крунисуваат со биолошко оружје што е запишано во книгава. Сето тоа постоело и сигурно сe уште постои тука некаде“.

-Главниот лик има неколку мистериозни понуди… дали ќе ги прифати? За да бидне уште поинтересен дејството во романот е во Р.Македонија…Што се крие во недопрените пештери на Матка? Ќе се воодушевите што се има таму… а не сте знаеле.

Смртта и животот се брат и сестра, само да знаете, насмевнете се што и да е, никој жив нема да си замине – си реков тикво на самиот себеси

 

 

Авторот Филип Петровски за читателите на куларт.мк ,  информира дека книгата може да ја добиете по нарачка и карго достава директно од кај него /fb profil  Петровски Филип!

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.