Во исчекување на намалување на температурите- Топлотен бран со над 40 степени

697

Топлотниот бран,со високи температури и над 40-тиот степен веќе една недела ги мачи граѓаните кои се дома и не ги корисат годишните одмори за разладување во вода или под дебелитепланински сенки.

На плус 40 степени, на најфреквентните места, дел од чешмите за пиење вода во Скопје не работат (чешмичката во паркот на Франкофонијата) некои чешми с епретворени во контејнери а некаде водата не е за пиење.

Сепак дел од препораките на докторитере се токму граѓаните да носат со себе шише обична вода, бидејќи тоа најмногу помага. Толото време ги вжешти и телефонските линии на Брза помош- за 30 проценти се зголемиле интервенциите.

A man pours water on his face to cool off from hot weather in Skopje, Macedonia July 24, 2017. REUTERS/Ognen Teofilovski

Oд Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека темпертури од портокалова фаза ќе се задржат и оваа  недела и поради тоа да се избегнува дирекна изложеност на сонце, после 10 часот. До најавеното намалување на температурите после четврток внимателно со сонцето.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.