Детската поетска манифестација “Детски гласови” ќе се одржи по петти пат и оваа година како дел од програмата на „Преспански јаболкобер 2024“ во Ресен.
Организаторот “ЖАР Преспа”- Ресен поканува на голем настан, в сабота, на 28.09.2024 година.
Оваа година 77 деца од 8-18 години, од многу градови и места од Македонија, учествуваат со свои преубави творби кои ќе бидат дел од овогодинешната заедничка збирка „Детски гласови 2024“.
Уредник и дизајн на корица на збирката е М-р Даринка Веслиевска, лектор Влатко Стојковски, рецензент Валентина Ѓоргиевска Парго.
Печати Графопром од Битола, фотографија за корица Кице Герасовски.
Членови на стручното жири ќе бидат професор д-р Елизабета Бандиловска и познатите поети Рамадан Далиповски и Сотир Чаушевски.
Настанот ќе се одржи со следната програма:
-14 часот дружење на поетите и менторите во преубавиот манастир Успение на Пресвета Богородица во с.Јанковец;
-Цветна штафета на мирот од уметникот Живко Поповски- Цветин;
-16 часот почеток на манифестацијата во спортската сала Зоран Стојановски во Ресен;
-Обраќање на градоначалникот на општина Ресен Г-дин Јован Тозиевски ;
-Промоција на стихозбирката “Детски гласови 2024”;
-Литературно читање на песните од страна на децата учесници;
-Доделување на збирки, пофалници и награди, прогласување на најдобар рецитатор.
*-Прославување на петтиот роденден на Здружението “ЖАР Преспа”- Ресен со музички и танцови точки;
– 17:30 часот завршување на настанот.
Повелете заедно да го прославиме овој настан кој ќе остави убави спомени и дело кое вечно ќе трае, велат од “ЖАР Преспа” кои со цело срце и сите сили се посветени на случувањата за деца кои се организираат во Ресен и Преспа за време “,Јаболкоберот” но и во текот на целата година.
“ЖАР Преспа” поканува на манифестацијата “Детски гласови 2024”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.