Здружение на новинари на Македонија – Пакети за заштита на новинарите и медиумските работници од коронавирусот

734

Информација од Здружението на новинарите на Македонија!

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел поголема заштита на новинарите и медиумските работници од коронавирусот, ќе доделуваат пакети со заштитна опрема и средства за дезинфекција на медиумите од Македонија. Во услови на глобална пандемија од исклучително значење за ЗНМ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, но и за пошироката јавност е да имаме квалитетни и навремени информации. Сметаме дека заштитната опрема ќе помогне за остварување на таа цел, која не би била возможна без добро заштитени новинари и медиумски работници.

Во таа насока подготвени се два вида на пакети. Првиот, кој е малку пообемен и е наменет за националните медиуми кои имаат поголеми редакции и вториот кој е наменет за медиуми со помал број на вработени. Со цел правилна распределба на пакетите, односно доделување на заштитна опрема на новинарите и медиумските работници кои секојдневно работат на терен, треба само да ни испратите порака на електронска пошта ([email protected][email protected]) и во неa да се наведе:

– Името на медиумот

– Вид на медиумот (телевизија, радио, весник, интернет портал)

– Вкупен број на вработени во медиумот

– Официјална адреса на медиумот (каде ќе ви бидат доставени пакетите)

Со оглед на тоа што располагаме со ограничена количина на пакети, принципот на добивање на истите е прв пријавен – прв услужен. Исто така, поради големиот број на медиуми укажуваме дека секој медиум ќе може да добие не повеќе од еден пакет. Освен тоа, апелираме до медиумите кои веќе обезбедиле соодветна заштита за своите вработени или нивната работа не вклучува известување од терен да не аплицираат за добивање на пакети, бидејќи на тој начин може некој од колегите што секојдневно се изложени на ризик да не бидат соодветно заштитени. 

Истовремено, ве информираме дека доставата на пакетите ќе се врши исклучиво на адресата на медиумот за што потребно е да делегирате и лице за контакт со негов мејл и мобилен телефон. 

Поради итноста на ситуацијата во која се наоѓаме, последен рок за аплицирање ќе биде 06.04.2020 (понеделник), а барањето потребно е да го испратите на Верче Костовска ([email protected]) и на основната електронска адреса на ЗНМ ([email protected]) со предмет: Пакет за заштита на новинари и медиумски работници.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.