ЗЕОООП – “До зголемена инклузија”- Проект за мониторирање на степен на спроведување на изборни ветувања

102

Во рамки на Повикот за мониторирање на степенот на спроведување на изборните ветувања на политичките партии, Здружение за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП Скопје е избрано за реализација на проектот До зголемена инклузија.

Повикот и реализацијата на активноста се дел од проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија„ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС).

Mодернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството- е едно од изборните ветувања на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски со цел подобрување на условите на младите во делот н образование, рекреација и забава. 

Во период од  пет месеци здружението ЗЕОООП ќе го мониторира ова изборно ветување каде преку серија активности ќе се следи дали и во колкава мера градоначалникот го исполнува своето изборно ветување, но и да послужи како мерка за потсетување и притисок на градоначалникот за исполнување на дадените ветувања кои ќе ја подобрат состојбата во училиштата во таргетираната општината.

Јавноста во општина Аеродром ќе биде запозната и континуирано информирана за текот на исполнување на ова предизборно ветување кое беше зададено во програмата за работа на градоначалникот Тимчо Муцунски преку средствата за јавно информирање, социјалните медиуми и презентациите.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.