Интервју со Каро Балијан театарски режисер од Ерменија- Чест е да се игра Шекспир, на било која точка од светот               

1318

За време на годинешниот, седми по ред, Битола Шекспир Фестивал (23-28 јуни)  се сретнавме со специјалниот гостин на фестивалот, ерменскиот актер, театарски режисер  Каро Балијан а воедно и директор на исто ваков фестивал кај нив. Иако за прв пат во нашата земја, одличен познавач на најосновните туристички информации од секоја област.

Со Каро Балијан интервјуто го водеше Валентина Ѓоргиевска Парго.

Господин Каро, Вие сте за прв пат кај нас, како Ви се допаѓа?               

– Прекрасно е, како во Ерменија. Кога патував  од аеродромот во Скопје кон Битола  замислував како да сум во Ерменија зошто дрвјата, планините, се исто како кај нас. Се чувствував како да сум дома.

Така и треба. При поздравувањето на пречекот, Ве слушнав кога на директорот на Битолскиот народен театар, Иван Јерчиќ, му рековте дека ја замислувавте Битола поинаку, а не вака како што е, малечко и симпатично гратче. Можеби очекувавте голема метропола?

– –Можеби не очекував да  видам голем град, метропола, ама очекував  големи згради, но во Битола се мали зградите и тука како да владее еден вид  камерна атмосфера, многу ми  се допаѓа тоа. Ја сакам камерната атмосфера, затоа што си одиш по улици и не е тоа голема метропола, се чувствуваш  срдечно и блиско. И за 20 минути гледаш  70 отсто од центарот од градот, и тоа шетајќи, одејќи. И можеш да го чувствуваш градот. Кога гратчето е мало тогаш имаш можност да ја почувствуваш  целата атмосфера на градот, тоа многу ми се допаѓа.

За Битола веројатно прочитавте дека отсекогаш има градска култура и дотерани луѓе. Да ви откријам една локална анегдота, порано момците велеа дека и девојките од Битола се најубави во цел Балкан.

– Знам дека веројатно потполно сте во право, но  не сум видел друга земја на Балканот за да споредам, само на Тв, и на  видео. Македонија е прва земја на Балканот што ја посетувам.

Имавте едно долго патување, само за да го гледаат фестивалот. Од Ерменија во Истанбул од Истанбул  до Битола. Како сега се чувствувате, дали вредеше сиот тој напор, исто така имајќи го во предвид и сознанието дека Вие  сте директор на ист ваков фестивал, со шекспировски претстави.

– Што да кажам за фестивалот, да се изгледа програмата е многу добро, одлична програма. Уште кога ја читав програмата тоа го заклучив. Знаев  дека 100 осто  фестивалот ќе биде на многу високо ниво. Бидејќи не само тоа, знам Иван како работи, професионално. Се уверив дека е така.

Како дознавте дека и овој фестивал постои?

– Ние сме дел од Европската мрежа на Шекспир Фестивалите.Ерменскиот, Битолскиот фестивал, исто така фестивалот во Гданск, Полска, во Крајова, Риманика, во Ница, Франција… Ние сме членови на едно голема мрежа на Шекспир. Иван го поканив минатата година во Ерменија да ги донесе “Антонио и Клеопатра” и “Отело” и  тие беа перформанси на високо ниво, едната ја одиграа го Ѓумри, кој ни е еден вид културен главен град на Ерменија, а во главниот град Ереван го играа ” Отело”. Беше интересно да се видат тие два различни перформанси.

Опишете ни го вашиот  фестивал, каде се одржува, колку денови трае, колку претстави вклучува?

Оваа година се уште е во тек пријавувањето. Секоја година фестивалот е од први до петти ноември, или од први до седми. И оваа година исто. Не знам програмата зошто се уште се пријавуваат, но минатата година имавме 10 трупи, десет изведби, се надевам оваа година исто така ќе биде многу позитивно и на високо ниво.

Колку долго досега сте директор на фестивалот? Работите само на ова или и на нешто друго?    

– Четири години сум директор на Шекспир Фестивалот во Ереван, а работам и како уметнички  директор во театар. Одржувам и курсеви и предавања на студенти, за драма, комедија и мјузикл. Во Ерменија работам во еден театар и другата моја работа е на друга сцена, во друга земја, во Русија, каде студирав и живеев.  Голема е улогата и одговорноста на нас театар сите работници, особено што  најголемиот дел од публиката кај нас се главно млади луѓе.

Сакате да патувате со вашиот театар?

– Да, се разбира, се разбира. Оваа година сакав да ја донесам во Битола на фестивалот мојата претстава Measure for Measure, но имавме финансиски проблеми со тоа, а следната година ќе сторам се најдобро од моја страна, и  се надевам ќе бидеме тука.

Вашето CV е богато, како за млад актер. Кажете ми за вашето образование и за најуспешниот проект кој ги имате изработено досега.

Почнав да студирам во Ереван, потоа како актер дипломирав во Москва а потоа продолжив уште да се образувам и во  Санкт Петербург, но секогаш учиш, секогаш учиш нешто ново од некаде со актерството, од студентите, од пријателите, од фестивалите. Тоа е процес кој никогаш не запира.  Сега  работам во Ерменија и можам да речам дека мојата комуникација со Санкт Петербург не е завршена, зошто јас сам а и со мојот театар продолживме да даваме претстави таму.

Какво е чувството да се подготвува нешто од Шекспир? Шекспир е многу голем, Шекспир е вечен Шекспир и нема мерки, нема векови. Тоа е еден отворен концепт, безвременски…                                                                                                    

Ох, многу е тешко знаете кога го правите Шекспир вие имате многу линии  а немате лимити и на тебе останува самиот да го направиш изборот во која насока ќе одиш, правејќи и креирајќи го перформансот. Да, затоа што Шекспир е најголемиот драматург и тие можеш да избираш,не е тоа само едно ниво да се изведува-, многуслојно е. Да, навистина не знам што да кажам како краток опис за драматургиите на Шекспир.  Многу има да се зборува.

На 25 јули вие патувате за Гданск каде е најголемиот европски фестивал за драми според делата на Шекспир!

– Во Гданск досега не сум бил на фестивалот, но бев на тој во Вроцлав и изведував монодрама. Во Гданск ќе бидам за прв пат ,но имав многу комуникација со актери и режисери кои настапувале таму и знам како оди тоа. Тоа е на многу високо ниво  и  чест  е да се учествува на толку убав и сериозен фестивал,за Шекспир. Честа е моја и да изведувам на таа сцена, во секој  случај ми е чест што и воопшто сум дел од мрежата на Шекспировски фестивали.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.