СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ: Следната година очекувам ангажман со Кустурица!

242

Продуцентот Симе Младеновски оваа година ја завршува успешно, со многу признанија за своите дела, а за следната има уште поголеми планови, и очекувања, за кои поразговаравме на самата завршница на 2022 година.
*Годинава што истекува ќе остане да ја паметите по низа промени на професионален план. Една од тие промени е нова водителка на емисијата “Лица и дела”, зад чија комплетна резлизација стоите Вие како продуцент и сценарист. Како сте задоволен од новиот изглед на емисијата?
-Направивме некои измени во “Лица и дела”, велат секоја промена носи и успеси и можеби на некој начин успехот си доаѓа сам по себе со помош на Бога и со многу работа и труд. Секако ново име е Михаела која ја води емисијата и влезе во тимот на “Лица и дела” и одлично се снајде, бидејки “Лица и дела” е бренд емисија која веќе постои 10 години како концепт и успешно котира во врвот на македонскиот етер. Нескромно би било ако кажам дека зад “Лица и дела” стои еден голем професионален тим кој успешно ја води емисијата десет години и можеби по својата спефичност и по изборот на гостите имаме голема гледаност, но јас како автор и и како продуцент многу внимавам на тоа и со тоа го одржувам рејтингот на” Лица и дела” на Тв Сонце.
*Во претходните циклуси поминаа доста значајни личности од разни сфери. Со кои гостувања ја збогативте емисијата во последниов период?
-Да, точно е низ “Лица и дела” поминаа многу значајни личности од сите сфери и од разни професии, но морам да нагласам дека во нашата емисија влегуваат личности кои се значајни во Македонија и надвор од Македонија, и кои имаа постигнато многу во своите професии во емисија имавме доста гости и со Михаела, како Марија познатата поетеса од Сиднеј, потоа, Пеце Даскало од Америка еден шоумен голем Симе и Вера Брич од Австралија, големи шоумени и водител на две многу познати радија, а најмногу и најголема чест ни направи мојата голема пријателка Сузана Спасовска со која другарувам 30 години и по три години непојавување на медиуми, нѐ одбра токму нас за враќање на интервјуата и гостување во емисија тоа за нас е големо задоволство и чест.

*И со новото водителско лице рејтингот на емисијата остана ист, и добивте низа признанија од повеќе места. За какви признанија и дипломи станува збор?
-Да рејтингот остана ист, многу е гледана “Лица и дела” повторно ќе нагласам дека таа емисија постои десет години и не гледам причина да падне рејтингот кога работиме со исто темпо и се трудиме многу. Добивме бројни признанија и награди а најдраги ни се секако од дијаспората. Да споменам добивме признание за најгледана емисија и токму дијаспората мене ме избра за најдобар продуцент за 2022 година голема благодарност до нив за сѐ и за тоа што нѐ следат. Навистина ѝм благодарам на сите гости и нашите гледачи ова е наш заеднички успех и секако на сите наши соработници и секако на целиот тим.

*Поетската манифестација “Сплоти се Македонијо” е чедо на “Лица и дела”. Оваа година се одржа по трет пат. Ќе бидат ли песните објавени во зборник?
-Се гордееме искрено што токму поетската светска манифестација “Сплоти се Македонија” е наше чедо, сето тоа не радува и нѐ радува и тоа дека интересот за “Сплоти се Македонијо” е огромен и расте секоја година. Пак ќе кажам за сето стои тим кој неуморно работи и внимава на сѐ. Ние секако како тим функционираме и секако размислуваме на која тема ќе биде поставена поетите да можат да творат плодно и да се изразат убаво, сѐ што сме ветиле сме исполниле и секако ќе има зборник како и секоја година и гостување на наградените во “Лица и дела”. Многу нѝ е драго што оваа година бројот беше огромен над 8.000 песни пристигнаа низ целиот свет каде живеат Македонци, но имавме и од Руси, Срби, Хрвати, Босанци, а оние кои се обидоа да влијаат на жирито за награди веднаш добија дисквалификација и во иднина ќе биде така за секој што ќе се обиде. Ние само бараме квалитет и заслужени награди ќе бидат.
*Во Вашата работна агенда годинава беа и неколку документарци, кои се снимани на територија на нашата земја. Вие сте дел од поголема екипа. Раскажете нѝ повеќе за оваа Ваша амбиција?
-Јас морам да кажам најдов мир во снимањето на документарците, тука мислам можам најмногу да се искажам, заедно со мојот тим. Инаку тоа не е лесна работа, особено теренската морам да кажам многу се вложува и труд тука и знаење за да се пренесе се на филмското платно. Сум имал и некои незгоди при снимање на документарците и мали повреди но тоа е во рамките на работата, секако ги разработуваме темите за нашата мила Македонија за обичаите славите, одењето во војска, свадбите, празниците, традицијата, приказните околу настанокот на приказните за нашите села нашите планини, сиромаштијата и теми кои се поврзани во секојдневието, се трудиме да посртуваме филмски светски фестивали иако е тешко сѐ сами финансираме немаме никаква помош од никаде, но Бог нѝ помга и му благодариме за тоа. Иако се сметаме за нас за доста успешни добивме и некои награди но сега нѝ е предизвик филм фестивал. А документарци во Панама напорно работиме и морам да му заблагодарам на мојот голем пријател Дејо Раиќевиќ од Белград кој успешно ја води оваа приказна околу сето ова со документарциве и на тимот и на моите големи другари, и на една личност која многу ме бодри и мѝ дава голема подрска и енергија личност која на секој нацин ми дава потик за успеси. Инаку ексклузивно за Куларт ќе кажам имаме понуди да работиме на неколку играни филма од соседна Србија и сме вопреговори со големиот Кустурица за еден филм и секако со две големи режисерски имиња, едното од Аргентина Артуро и едното од Америка а летото имавме соработка со младиит талентиран режисер Милошевиќ кој живее и работи во Лос Анџелес.

*На што повеќе планирате да се посветите во 2023 година, на емисијата, на документарците или на поетската манифестација “Сплоти се Македоника” или можеби на нешто сосема ново?
-Следната година 2023 прво ќе ѝм честитам на сите граѓани на Македонија, среќна Нова, пред сѐ здравје успеси во работата мир и сите желби да се исполнат а на Македонија сплотеност меѓу нас Македонците да си помагаме и да се почитуваме, за сѐ да си подадеме рака еден на друг и да се гордееме со нашта мила Македонија. Светот знае дека сме најстара цивилизација и дека само сонцето е постаро од Македонија. Што се однесува за плановите ги има многу но јас ќе кажам прво реализација па потоа Промовирање. Секако има многу работи за кои имаме понуди, имаме понуди од бившо југословенските републики. Среќна нова на Вам Куларт и среќни весели благодетни празници на цела Македонија и сите Македонци, каде и да се во светот.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.