7 ноември, ќе биде вечер исполнета со драма, страст и величествена музика во МОБ со операта „Палјачи“
                    
Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на  7 ноември 2025 година, 20.00 часот.
Ова е едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое...                
            Во издание на „Македоника литера“ е објавен романот за млади „ВАНДА“ од хрватста пистелка Силвија Шесто
                    
"Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто која е меѓу најчитаните писатели во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Славчо Пеев. “Ванда“ е симпатичен и лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно   градско семејство и нивните секојдневни, тривијални проблеми. Во центарот на ова семејство е девојката по име Ванда, која, влегувајќи во пубертет, почнува да го запознава реалниот живот. 
На преминот од детска во младешка возраст, Ванда ја открива љубовта, ги доживува своите први 
разочарувања и сите други проблеми поврзани со заљубувањето. Тоа води до низа компликации, мали недоразбирања и, на крајот, до научена лекција. Ванда ја мачат многу пубертетски проблеми со кои не знае секогаш соодветно да се соочи. Растргната меѓу растењето и половото созревање, од една страна, и 
детинестата потреба за внимание и грижа, од друга страна, запаѓа во генерациски несогласувања, во 
несреќна заљубеност и се соочува со сознанието дека светот е многу поразличен од тоа како што го замлувала. 
 
Книгата ги следи личните размисли на сите членови на семејството, освен на најмладиот – помладиот брат на Ванда. Главните ликови се претставени преку нивните лични записи (искази), напишани во форма на дневник, односно – секој лик раскажува дел од приказната од свое гледиште. Овие искази се кратки поглавја напишани во прво лице, преку кои читателот има можност да ја погледне истата ситуација од различни перспективи. Тоа се субјективни искуства на секој учесник во приказната. Преку реакциите на учесниците на настанот, се запознава нивниот лик.  
Силвија Шесто (1962, Загреб, Хрватска) е афирмирана хрватска писателка за деца и млади. Дипломирала филозофија и литература и завршила Виша тренерска школа. Објавува проза, поезија и драми. Автор на близу 60 книги за деца и млади и на петнаесетина за возрасни, од кои десет романи. Таа има и богат драмски опус. Изведени се петнаесет радиодрами и неколку драми на театарските сцени. 
                
            Фестивал „Борини позоришни дани“ – МНТ со „Народен пратеник“ ја освои главната награда
                    Главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на 45. фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија, беше прогласена претставата „Народен пратеник“, во...                
            Македонската порака, по повод Меѓународниот ден на операта, од Весна Гиновска Илкова
                     
Македонската порака, по повод Меѓународниот ден на операта, од Весна Гиновска Илкова
Почитувани,
Операта е една од најсложените музички форми во која, низ музиката, се одвива...                
            27 октомври – Светски ден на аудиовизуелното наследство
                    На 27 октомври, точно на пладне, во Кинотека ќе се одржи блу-реј промоција на македонскиот филм „Мис Стон“ од познатиот режисер Жика Митровиќ изработен...                
            Парк на Франкофонијата – Експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје
                    Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје - Парк на Франкофонијата, Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти...                
            Драмски театар -„Провинцијалските плејбои…“ во Скопје
                    На 23 октомври во 20 часот, на театарската сцена во Драмски, публиката ќе има можност да ја проследи претставата „Животот на провинциските плејбои по...                
            Драмски со претставата „Кармен“ на театарски фестивал во Анкара
                    На 24 октомври, со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025.
Фестивалот се одржува од 16 до...                
            Културната есен во Кочани со Europe House
                    Europe House најавува три театарски претстави и нови културни содржини за граѓаните на Kочани кои ќе се одржат на театарска сцена во Центар за...                
            Се трага по исчезната слика на Пикасо
                    Шпанската полиција истражува можна кражба на мала слика од Пикасо вредна 600.000 евра, која исчезна на пат од Мадрид кон изложба во јужниот град...                
             
            