Во издание на „Македоника литера“ е објавен романот за млади „ВАНДА“ од хрватста пистелка Силвија Шесто
                    
"Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто која е меѓу најчитаните писатели во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Славчо Пеев. “Ванда“ е симпатичен и лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно   градско семејство и нивните секојдневни, тривијални проблеми. Во центарот на ова семејство е девојката по име Ванда, која, влегувајќи во пубертет, почнува да го запознава реалниот живот. 
На преминот од детска во младешка возраст, Ванда ја открива љубовта, ги доживува своите први 
разочарувања и сите други проблеми поврзани со заљубувањето. Тоа води до низа компликации, мали недоразбирања и, на крајот, до научена лекција. Ванда ја мачат многу пубертетски проблеми со кои не знае секогаш соодветно да се соочи. Растргната меѓу растењето и половото созревање, од една страна, и 
детинестата потреба за внимание и грижа, од друга страна, запаѓа во генерациски несогласувања, во 
несреќна заљубеност и се соочува со сознанието дека светот е многу поразличен од тоа како што го замлувала. 
 
Книгата ги следи личните размисли на сите членови на семејството, освен на најмладиот – помладиот брат на Ванда. Главните ликови се претставени преку нивните лични записи (искази), напишани во форма на дневник, односно – секој лик раскажува дел од приказната од свое гледиште. Овие искази се кратки поглавја напишани во прво лице, преку кои читателот има можност да ја погледне истата ситуација од различни перспективи. Тоа се субјективни искуства на секој учесник во приказната. Преку реакциите на учесниците на настанот, се запознава нивниот лик.  
Силвија Шесто (1962, Загреб, Хрватска) е афирмирана хрватска писателка за деца и млади. Дипломирала филозофија и литература и завршила Виша тренерска школа. Објавува проза, поезија и драми. Автор на близу 60 книги за деца и млади и на петнаесетина за возрасни, од кои десет романи. Таа има и богат драмски опус. Изведени се петнаесет радиодрами и неколку драми на театарските сцени. 
                
            Врачена наградата „11 Октомври“
                     
Денеска, по повод Денот на народното востание, во Собранието беше врачена државната награда „11 Октомври“. Оваа награда е највисоко признание за животно дело во...                
            Врачена наградата „Прозарт“ на Интернационалниот литературен фестивал ПРО- ЗА Балкан
                    
Евалд Флисар " Книгата е оружје што може да го осветли животот 
како сонце, но и да ги повреди оние што не умеат да ја читаат ". 
Книгата може да биде опасна и во рацете на некој што не знае 
како да се справи со неа. Голем дел од она што го наоѓаме во книгите, во многу книги, 
може сериозно да го оштети умот. Од друга страна, добро избраната и правилно 
прочитана книга може да свети во животот на една личност како сонце, загревајќи го 
духот и исполнувајќи го со радост и креативност, рече најпреведуваниот словенечки 
писател Евалд Флисар во своето обраќање по повод добивањето на наградата 
„Прозарт“, што му ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА 
Балкан“ синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје.  
Во својот обемен, но и мошне искрен говор, тој се задржа на улогата на книгата во 
време кога, како што забележа, „светот се дави во премногу зборови...                
            Вчеравечер беше отворено 13-тото издание на ПРО-ЗА Балкан, со рекорден број на гости
                    Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, вчеравечер беше отворен во Даут Пашин Амам во Скопје. Врвни автори од регионот како српскиот писател и поет Небојша...                
            Собрана поезија од Игор Исаковски со наслов “Совршен поет“
                    Во слава на поетот Игор Исаковски (1970-2014), на 55-годишнината од неговото раѓање, на 19 септември во кафе-книжарницата Буква од 20 ч. ќе се претстави...                
            ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЗА ДЕЦА “МАГИЧНИОТ КРУГ НА ДЕТСТВОТО” ОД ТАТЈАНА ГОГОСКА
                    
 Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на книгата за деца „ Магичниот круг на детството”...                
            Поетска награда за Никола Маџиров, на Меѓународен фестивал во Кина
                    Никола Маџиров е лауреат на 17-тата меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ (Poetry and People – International Poetry Award) ,која викендот му беше...                
            Рецензија за новата книга за деца – Магичниот круг на детството “ од Татјана...
                    Деновиве од печат излезе новата книга за деца “Магичниот круг на детството “ од авторката Татјана Гогоска . За книгата, рецензија напиша   м-р Жаклина...                
            Расказ – “ Старецот – тагата на една чиста македонска душа “
                     
Старецот, ја живееше  последната година од животот, откако дојде да го поминува времето во новиот дом. Беше опкружен со грижа и нега, која му...                
            Поети, поетеси ајде со убав збор да ја дочекаме пролетта!
                    
Домот на културата "Кочо Рацин" од Скопје упатува покана за учество на изложбата и на поетската вечер „Пролет“, во контекст на мултимедијалната изложба како...                
             
            