четврток 30 октомври, 2025

Распишан конкурс за најдобра поема

Центарот за култура „Григор Прличев“ го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото...

Соопштение – Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време...

Премиера на “Лилјакот“ од Јохан Штраус на 25 октомври

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната  опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите  времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана  за 28 октомври, 20.00 ч.  Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија  Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор  е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.  Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата  Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов,  Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со  хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.  „Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година.  Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги,  недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови  и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација  создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост.  „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што  повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на  виенскиот шарм и музичката магија.    

„ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ – ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА  КИРЕ КОСТОВ 

Во среда, 15 октомври во 19 часот, во кафе „Литература“ во Дајмонд Мол, ќе се одржи  промоцијата на монографијата „Летај Галебе“, посветена на маестро Кире Костов –еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти.​ Настанот претставува омаж на неговото животно и уметничко дело, чиј опус остави  неизбришлив белег во современата македонска музика.  Автори на монографијата се Снежана Анастасова Чадиковска – истакната македонска  пијанистка, пијано педагог, музички публицист и организатор, и Марко Коловски – иден музиколог, публицист, новинар и општественик. Визуелниот идентитет го креираше Методија Ачевски, а изданието е реализирано во  печатницата „Бранко Гапо“. Монографијата „Кире Костов“ ги осветлува животниот пат и грандиозното дело на  маестро Костов – низ фотографии, сведоштва и архивски материјали што сведочат за  неговиот влог во македонската култура.  Промотор на делото е проф. д-р Александар Трајковски – музички теоретичар, истражувач,  педагог и публицист, а модератор на промоцијата ќе биде Живкица Каленикова.​ На настанот ќе зборува и Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на  Кире Костов, која е иницијатор на проектот.  -Монографијата ја создадовме со многу љубов и почит. Кире беше човек што  целосно ѝ се предаваше на музиката и на луѓето околу него. Со оваа книга сакавме  да му возвратиме со иста љубов – да покажеме колку ни недостига, но и колку многу  ни остави. Секој ред, секоја фотографија и секое сведоштво носат дел од неговата  енергија, која и понатаму нè инспирира. – изјави Кармен Костова.  На промоцијата се очекува присуство на бројни уметници, пријатели и соработници на  маестро Костов, кои ќе му оддадат почит на човекот чие творештво е белег на македонската музика и време.  Промоцијата е и најава за претстојниот гала- концерт „Летај Галебе“, што ќе се одржи на 11 ноември во Националната опера и балет, во режија на Дејан Пројковски. ​ Концертот ќе обедини голем број македонски музичари и соработници на Кире Костов,  кои со изведби во живо ќе му оддадат почит на неговото дело.   

На сцената на Театар “Ѕвездара“ во Белград , премиерно изведена Театарската претстава “Уна “,...

Театарската претстава „Уна“, во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски, која премиерно се одигра на 12 октомври на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во...

Буква полни 4 години

Четири години и четирицифрен број денови постои „Буква“ во Скопје. На истото место, зад Собрание, под трите брези, со сите повеќе или помалку трајни,...

Скопје доби музичка фолк тура

Јануари, 2025   Фолконика- Центар за зачувување и развој на  македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, ја создаде првата "Скопска музичка фолк тура"....

ССКМ: Признанија за македонски квалитет 2024

Скопје, 20 декември 2024 година Десет компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и гиисполнија овие услови преку нивните преставници денес го добија престижното Признание...

„Не зјапајте толку романтично“- шетачки театарски перформанс низ Скопје

„Не зјапајте толку романтично“, е перформативна шетачка тура, која се реализира како дел од проектот „Градот е јавност дел #1 “, и која ќе...

СКОПЈЕ: „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември 

Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“,...
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }