четврток 11 декември, 2025

5. декември во МНТ -Премиера на документарниот филм “ К-15: ОД ДРУГАТА СТРАНА “

Премиерата ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 5 декември од 21 часот  а документарниот филм е продолжување на одбележувањето на 30 годишното...

Што е комуникација – Чин на воспоставување на врска со други луѓе и околината

Комуникацијата е основа на секојдневниот живот. Без неа не функционира ништо. Малкумина се тие што го освестуваат значењето на комуникацијата и често доаѓа до...

ТРКАТА ЗА ТИТУЛАТА „НАЈДОБАР НАСТАН“ ЗА 2026 ЗАПОЧНУВА

Започнато е пријавувањето за четвртото издание на БЕАМ – националниот фестивал за  креативност и извонредност во организацијата на настани, организиран од Асоцијацијата на  ивент индустријата ИВАП. Фестивалот и оваа година ќе ги обедини водечките  професионалци од маркетинг, културата и забавната индустрија за да ги награди  најуспешните проекти реализирани во 2025 година.  Пријавувањето започнa на 5 ноември и ќе трае до 30 јануари 2026 година. Право на  учество имаат сите компании и организации што реализирале настани во 2025 година, во  една или повеќе категории кои го опфаќаат целиот спектар на индустријата: од бренд- активации, конференции, фестивали, културни, корпоративни или спортски настани.​ Сите информации и општите правила се достапни на www.БЕАМfestival.mk.  Во пресрет на новото издание, објавена е и жири комисијата составена од реномирани  професионалци од маркетинг, бизнис, медиуми, култура и креативните индустрии. Нивната  различна експертиза обезбедува стабилен, независен и транспарентен процес на  оценување.       Сунчица Бојаџиева - Events & Experience Director, Publicis Groupe Macedonia  -Четвртото издание за нас има посебна тежина. По три години во кои ја градевме  довербата и стандардите за натпревар, БЕАМ веќе прераснува во платформа што ја  обединува целата заедница, од агенции и маркетинг професионалци, до културни  институции, брендови и млади тимови. Нашата цел останува иста - да создадеме  фер, транспарентен и професионален систем што го вреднува вистинскиот квалитет.  Секоја година гледаме сè поамбициозни проекти, а тоа значи дека индустријата  расте – и ние растеме со неа, вели Маја Бабиќ, директорката на БЕАМ Фестивалот  Ова издание носи два значајни чекори напред. БЕАМ од годинава е придружен партнер  на BEA World, најпрестижниот европски фестивал за извонредност во организацијата на  настани. Партнерството ја зголемува меѓународната видливост на локалната индустрија и го  позиционира БЕАМ како платформа што природно се движи кон европските стандарди.  Дополнително, БЕАМ од оваа година се отвора кон регионот со воведување на новата  Адриа категорија, создадена да ја истакне креативноста, продукциската сила и  иновативноста на проектите од Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна  Гора, Албанија и Косово.  -Она што ме радува најмногу е што БЕАМ станува место каде енергијата на  индустријата навистина се чувствува. Минатите три години видовме фантастични  проекти и неверојатна посветеност и знам дека оваа година ќе биде уште посилна.  Воведувањето на Адриа категоријата е логичен чекор, нашата сцена одамна  комуницира со регионот, а сега им даваме простор тие врски да бидат и формално  препознаени. Ја охрабрувам целата заедница да аплицира – не само заради  наградата, туку заради видливоста, вмрежувањето и чувството дека си дел од нешто  што ја движи индустријата напред, додава Бабиќ.  Доделувањето на наградите ќе се одржи на свечена Гала церемонија на почетокот на  март 2026 година. БЕАМ ги очекува пријавите.  БЕАМ останува движечка платформа која ги охрабрува професионалците да  размислуваат посмело, да создаваат подобро и да ги подигнуваат сопствените стандарди. 

Револтираните учебници си заминаа

Извадок од новата книга за деца на Татјана Гогоска – „Магичниот круг на детството“ „Магичниот круг на детството“ е илустрирана книга за најмладите читатели...

Времеплов- 18 септември 1851- Излезен првиот број од весникот „Њујорк дејли тајмс“

На 18 септември 1851- Излезен првиот број од весникот „Њујорк дејли тајмс“еден од најтиражните весници во светот. The New York Times или Њујорк тајмс — американски дневен весник основан во Њујорк во...

Ретро медиуми – Три интересни случки од снимањето на бајката „Малиот Петар„, од серијалот...

Некои нешта не се забораваат. Убаво е кога се создава и тоа трае! Пишува- Татјана Гогоска  Некои луѓе одамна ги нема, условите, состојбите се драстично изменете...

Говор на омраза во дигиталниот свет

Под поимот „говор на омраза“, генерално се сметаат сите форми на усно или писмено јавно изразување што шири, поттикнува, оправдува или повикува на омраза...

“Домашна работа”, секоја недела на Стотројка 

(Секоја недела во 20 часот на Стотројка на Македонско радио - Радио 2) На 2 март 2025 година, во 20 часот на програмата на Македонско...

Стартува “Стереолаб” онлајн радио

На 14 февруари  2025 (петок), започнува со работа новата онлајн радио станица „СТЕРЕОЛАБ“. Радиото ќе го означи стартот со музички настан на 14 февруари, во...

Нов поткаст- Чекор Напред со М6

Јануари, 2025 година  Во сајбер просторот веќе е и новиот поткаст - Чекор Напред со М6 Прва епизода: инспиративна дискусија со Светозар Јаневски „Културата на Лидерите-...
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }