среда 12 ноември, 2025

IT4Charity: Кога секој чекор значи нов почеток за едно семејство -СОС Детско село

  Дваесет и пет компании и 200 љубители на трчањето се обединија минатата сабота и  по петти пат трчаа на хуманитарната трка IT4Charity организирана од СОС Детско  село во Градскиот Парк во Скопје.   И покрај сите предизвици во  ИТ секторот и покрај сите итни повици за помош во  општеството и трагедијата во Кочани, ИТ заедницата уште еднаш покажа солидарност и  сенс за потребата од континуираната грижа за најранливите и собра 30.000 евра за  семејствата во социјален ризик.   „ИТ заедницата секогаш била предводник кога станува збор за иновација, прогрес и развој.  Но токму преку поддршката на вакви иницијативи, уште еднаш покажува дека нивната  сила не е само во технологијата — туку и во солидарноста, хуманоста и желбата да се  вложи за повисока цел, да се помогне и да се направи разлика. Затоа сме им неизмерно  благодарни за секоја донација!“, велат од СОС Детско село.   Собраните средства ќе се наменат за програмата за ПРЕВЕНЦИЈА, што се реализира преку  работата на две советувалишта кои на годишно ниво помагаат на најмалку 200 родители и  деца да ги надминат предизвиците и да создадат безбедни средини со љубов за нивните  деца. Програмата се фокусира на три главни области: Позитивно родителство, Зајакнување  на семејството и Превенција на семејно насилство. Годишно се реализираат околу 900  часа групни и индивидуални советувања за подобрување на семејните односи,  родителските вештини за квалитетна грижа на децата, како и животните вештини и  однесувањето на децата, нивните права, но и поддршка и пристап до потребните ресурси  за закрепнување на жртвите на родово базирано и семејно насилство.  „Досега преку оваа програма помогнавме на 1298 семејства во ризик да останат заедно со  своите деца, односно  спречивме 3740 деца и млади да бидат разделени од своите  биолошки семејства“, велат од СОС Детско село, додавајќи дека процентот на успешност  на програмата досега, е високи 78% и се надеваат дека тој резултат веќе следната година ќе  биде уште подобар благодарение на овогодинешната поддршка на: SINGULAR, CAP  CARGO, NION, EMBED SOCIAL, IBORN, CASYS, INFINITE SOLUTIONS, LOKA,  DELTATRE, HEY REACH, HORNEТ SECURITY, TARMAC, VASS, VERINT, AXIANS, FOXIT,  KONTRON, METERGRAM, NEXTSENSE, PROXIAD, SIMPHONY DIGITAL, TELESMART,  VECTOR 8, CODEVER и SOLUTIONADE.  Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи оваа  соработка со ИТ компаниите придонесува за стабилност и континуитет на работата на  организацијата, но и дополнителна мотивација да продолжат да создаваат вистински,  опипливи и долгорочни позитивни промени во животите на децата и младите од ранливи  категории.          

28 септември – Осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје  

По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје –...

Владата со информација – Платите со пораст од над 10,5% од минатата година

Осврнувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика, а во врска со информација за движењето и порастот на платите, премиерот Мицкоски денеска...

Формиран Комитет за јавни инвестиции

Со воспоставувањето на ова тело јавните средства ќе се насочуваат кон проекти кои носат голем придонес за економскиот раст, подобрување на јавните услуги и...

Почина познатиот хрватски новинар Роберт Валдец

На 62-годишна возраст почина истражувачкиот новинар и воен репортер Роберт Валдец. Валдец доживеал тежок срцев удар во април, по што паднал во кома и...

Отуѓеноста води кон болест

Стануваме странци еден кон друг и на тој начин стануваме имуни и рамнодушни кон страдањето и болката на другите луѓе. Не го гледаме другиот...

Семејна комуникација-Слободното време поминувајте го заедно

Пишува М-р по комуникациски науки Татјана Гогоска  Современото семејство се соочува со низа дилеми, проблеми, наметнати ситуации кои понекогш под притисок на се околу не...

Хортикултура – Како се одгледува босилек и кои се неговите позитивни страни?

Босилекот е нискорастечко медитеранско растение, кое се одгледува во региони со потопла клима. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира...

Швајцарија – Земја со изобилие од вода, спокој и сведоштва на постоењето

Репортажите од дестинациите кои сум ги посетила, секогаш ми биле новинарски предизвик, најверојатно затоа што се спој на новинарството и креативноста а токму во...

За успешните генерации што растат

Многу често, во информациите кои не вознемируваат секојдневно имаме среќа да прочитаме за успесите на нашите млади низ светот, на сите полиња. Дали се...
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }