четврток 30 октомври, 2025

За генерациите што растат – “Колаж на македонска култура“ во Хрватска

Македонскиот КИЦ во Загреб во рамките на првиот патувачки Фестивал на македонски филм покрај редовните проекции низ 13 градови во Хрватска, со специјална проекција...

Светски ден на интелигенцијата- Тестирање на интелигенција организирано од Менса Македонија

По повод Светскиот ден на интелигенцијата, Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови, на 01.10.2025 (Среда) со почеток во 18:30. Тестирањето ќе...

Вчеравечер беше отвоено 13-то издание на Џифони-„Џифони Македонија“ им дава глас на младите 

​ Фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во  центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „Џифони“ се роди во Италија пред повеќе...

Почнува Ре-култура#2- Денови кога ќе се слави младинската култура

Kафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ на 25, 26 и 27 септември ќе бидат домаќини на второто издание на фестивалот за алтернативна и критичка култура „Ре-култура“,...

26 септември почнува “Џифони Македонија“- Над 400 младинци од осум земји ќе учествуваат на 13-то издание од филмскиот  фестивал за млади 

Утревечер, фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Република Италија,  Паоло Палминтери во 20 часот, во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Овој филм  неодамна ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Локарно.  Во наредните шест дена Скопје ќе биде домаќин на 400 учесници од Македонија, како и 30-тина младинци од Италија, Швајцарија, Данска, Романија, Србија, Косово и Црна Гора.  Младите учесници од другите земји ќе бидат сместени во фамилиите на нивните врсници  од Скопје.  Учесниците во текот на петте дена ќе гледаат филмови, ќе се вклучуваат на дискуции и  мастеркласови и тиа ќе одберат да учествуваат на една од седумте креативни  работилници на кои ќе може да креираат филмови, фотографии, стрипови и перформанс.   На фестивалот ќе се придружи и г-...

IT4Charity: Кога секој чекор значи нов почеток за едно семејство -СОС Детско село

  Дваесет и пет компании и 200 љубители на трчањето се обединија минатата сабота и  по петти пат трчаа на хуманитарната трка IT4Charity организирана од СОС Детско  село во Градскиот Парк во Скопје.   И покрај сите предизвици во  ИТ секторот и покрај сите итни повици за помош во  општеството и трагедијата во Кочани, ИТ заедницата уште еднаш покажа солидарност и  сенс за потребата од континуираната грижа за најранливите и собра 30.000 евра за  семејствата во социјален ризик.   „ИТ заедницата секогаш била предводник кога станува збор за иновација, прогрес и развој.  Но токму преку поддршката на вакви иницијативи, уште еднаш покажува дека нивната  сила не е само во технологијата — туку и во солидарноста, хуманоста и желбата да се  вложи за повисока цел, да се помогне и да се направи разлика. Затоа сме им неизмерно  благодарни за секоја донација!“, велат од СОС Детско село.   Собраните средства ќе се наменат за програмата за ПРЕВЕНЦИЈА, што се реализира преку  работата на две советувалишта кои на годишно ниво помагаат на најмалку 200 родители и  деца да ги надминат предизвиците и да создадат безбедни средини со љубов за нивните  деца. Програмата се фокусира на три главни области: Позитивно родителство, Зајакнување  на семејството и Превенција на семејно насилство. Годишно се реализираат околу 900  часа групни и индивидуални советувања за подобрување на семејните односи,  родителските вештини за квалитетна грижа на децата, како и животните вештини и  однесувањето на децата, нивните права, но и поддршка и пристап до потребните ресурси  за закрепнување на жртвите на родово базирано и семејно насилство.  „Досега преку оваа програма помогнавме на 1298 семејства во ризик да останат заедно со  своите деца, односно  спречивме 3740 деца и млади да бидат разделени од своите  биолошки семејства“, велат од СОС Детско село, додавајќи дека процентот на успешност  на програмата досега, е високи 78% и се надеваат дека тој резултат веќе следната година ќе  биде уште подобар благодарение на овогодинешната поддршка на: SINGULAR, CAP  CARGO, NION, EMBED SOCIAL, IBORN, CASYS, INFINITE SOLUTIONS, LOKA,  DELTATRE, HEY REACH, HORNEТ SECURITY, TARMAC, VASS, VERINT, AXIANS, FOXIT,  KONTRON, METERGRAM, NEXTSENSE, PROXIAD, SIMPHONY DIGITAL, TELESMART,  VECTOR 8, CODEVER и SOLUTIONADE.  Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи оваа  соработка со ИТ компаниите придонесува за стабилност и континуитет на работата на  организацијата, но и дополнителна мотивација да продолжат да создаваат вистински,  опипливи и долгорочни позитивни промени во животите на децата и младите од ранливи  категории.          

За успешните генерации што растат

Многу често, во информациите кои не вознемируваат секојдневно имаме среќа да прочитаме за успесите на нашите млади низ светот, на сите полиња. Дали се...

„Една Ѕвезда, Една Детска Желба“  на СОС Детско Село ја прошири магијата  на празниците...

28.01.2025 Во време кога светот е “поврзан“ повеќе од кога било, социјалната одговорност станува клучна тема за секој од нас. Секој чекор што го правиме...

Нова Боенка од Кети Радевска подарена кај дечињата

24.12.2024 Од печат излезе Боенката на ликовната уметница Кети Радевска од Битола , која денес беше подарена во Детската градинка "Проле"- Битола за да ги...

Збор-два за Вештачката интелигенција (ВИ) – Предизвик, неминовност, демистификација!

Пишува М-р по комуникации Татјана Гогоска Вештачка интелигенција е формулација која во последниве две години навидум срамежливо но многу присутна во секојдневната реторика на општественото...
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }