Дојде септември – култура и „култура“ насекаде околу нас

552

Шест месеци живот позади нас со нова непозната но присутна реалност. Полициски часови, карантин, откажување на сите настани, поместување на животот и во еден миг и негово запирање.

И потоа, полека се враќаме ли кон некое ново назад? Почнаа да работат институциите, фабриките (некои од нив и не ни престанаа) , замислете обложувалниците, кафулињата, рестораните.. Луѓето се движат наоколу со маски на лицето, малку повеќе обезличени и непрепознатливи.

И конечно почна, по строги протоколи и културниот живот во Македонија! И во еден месец, овој септември се обои со културните настани и случувања. „Статуа фест“ „Скопје филм фестивал“ ,“Денови на Ристо Шишков“ во Струмица, “Синедејс“, Саем на книгата, заврши Македокс се подготвува Џифони фест,се одржа и „Празникот на липите“, потоа ПРО ЗА БАЛКАН-книжевниот фестивал, следува Панфиз….во Скопје, Битола живее културни денови на улиците, се провлекува и по некој концерт како оној од пред некој ден на Бајага во Скопје или пред тоа на Грашо во Охрид и Битола ..каде можевме да видиме бројна публика. Се чини сеуште ништо без екс југословенските ѕвезди. На културните случувања, публика воглавно според протокол.

Од друга страна учениците битка бијат да добијат право за настава во училиштата. Децата сакаат на училиште, да се дружат, социјализираат и сакаат знаењата да ги примаат од наставниците директно , а за воља на виситната не сите имаат компјутери и интернет дома па ни некој од возрасните кој ќе им покажува да се снајдат во претпоставените онлајн платвформи за учење. Децата сакаат да учат а тоа е добар показател за младите генерации, дека ја прифаќаат новата реалност, иако не секогаш се придружуваат до протоколите. Забавите се редовно без маски, со многу млад народ….па  да им простиме, од една страна “младост-лудост“ иако другата ризичната е голема непознатица сеуште.

И да се надеваме дека токму тие генерации нема да бидат како овие, кои пак поминувајќи го одморот дома или во околните места , оставаат вистински пустош и нечистотија зад себе. Се прашувам дали има меѓу нив и од оние кои одат на културните настани или пак се овие некои од некоја спротивна реалност. Сликите што осамнуваат со преполните со ѓубре излетнички и туристички места се обесхрабрувачки. Зарем е можно сеуште да не создадовме почит кон природата и културен однос, на толку култура во државава?

Како и да е, имаме нова реалност но навиките останаа стари!

М-р Татјана Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.