“ Од другата страна”, е документарен филм, кој својата премиера ја имаше на 5. декември во Македонскиот народен театар, посветен на популарното Трио К-15. Кога ќе го изгледате фимот, ќе сфатите дека тоа не е обичен документарен филм, туку една двослојна на места трослојна документарност, каде главните ликови се следат, низ годините. Тие тојцата, Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки, беа и останаа бренд , по кој е препознатлив еден долг период на македонската, не само забава и естрада, туку и целокупниот општествен живот.
За да се опише, што се се случува во тие 100 минути испреплетена документаристика, треба да се подели на два дела: она што е документарен матерјал сниман низ годините и ново снимениот матерјал, она што како документарно сведоштво, на оние кои имале било каков контакт со ова Трио, го раскажуваат, од дистанца на 30 години. Е, кога ова ќе го разложите, некаде пред крајот ќе го имате пред себе целиот мозик, К-15. Затоа што и двата дела се испреплетени со совршена монтажа, која ги надополнува маестрално, снимените приказни, на секој од нив, сега и низ времето. И се тоа под детално разработено сценарио, каде секое што, има свое зошто и режијата, двете со потпис на Илија Ико Каров.
Во сегашниот дел, филмот е емотивно раскажани приказни, со препознатливиот хумор на Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки, за феноменот на „К-15“, и навраќање на почетоците, кога скечевите почнале да се снимаат со скромна опрема, на една обична маса, како што во филмот кажа, Владимир Огњновски, братот на Бранко Огњановски, кој е еден од продуцентите на шоуто.
За нив зборуваат, Игор Џамбазов, Никола Ристановски, Коле Ангеловски, Жарко Димитриоски, Мирослав Масин, Горан Стефановски, кој во една постара снимка вели:“ К 15 не ја видоа таа К-15 маниjа, и затоа беа можеби и толку свои“, Влатко Стефановски, актерите од екипата и многу други личности, кои биле соработници, дел од техничката и продуцентска екипа.
Во филмот се појавуваат ликови, кои за жал не се веќе меѓу нас и тоа на документаристичкиот пристап на филмот, му дава уште поголема тежина. Ги нема Горан Стефановски, Тоше Поп Симонов Павле Живковиќ- Високотонски, Андреј Ѓорѓиевски од дуото ДНК…. но нивниот дел, од овој живот наречен, К 15 е запишан за вечност.
Зад ова дело стои сценаристот и режисер Илија Ико Каров, кој како што самиот што вели “Не познава време без К -15 во неговиот живот “, директорот на фотографија Илија Жоговоски (Жога) и монтажерот Бранко Блажевски. Секако бројната екипа, која секој во својот домен го направи мозаикот насловен како “Од Другата страна “-докуменарен филм за К-15.
И кога некаде пред крајот, чекав излегувањето на сцената на Борис Трајковски, од некој од трите преполни концерти, во мај годнава, со нивна најпопуларна песна (ако баш има таква, сите се најпопуларни на свој начин) , за да се види како овој бренд, не “потемнел“ ни малку, од оној легендрен концерт на Стадион, кога се спуштија со хелихоптер, пред преполни трибини , да се почувстува нивната, уау енерија ,која и покрај сите неприлики, падови и искушенија, сеуште ја има, овој како што го нарекуваа феномен , Трио К-15, за мене македонски шоу бренд, кој има уште што да понуди на публиката, режисерот одлучил да заврши со третослојна документарност на повторуање на нештата, со фокус на оние кои го создале делото.
Како и да е, заслужено вредно документарно сведоштво, преточено во филм “Од другата страна “ за македонскиот бренд К-15.
Пишува
М-р Татјана Гогоска



