На 7 февруари- Меѓународна манифестација „Ноќ на идеите во Скопје’

1130

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека в петок, 7 февруари 2020 година, во 18 часот, во Europe House Skopje, ќе се одржи меѓународната манифестација Ноќ на идеите во Скопје.

Ноќта на идеите е традиционален настан, којшто се организира под покровителство на француското Министерство за надворешни работи и мрежата на Француски институти ширум светот, а годинава главната тема се климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот.

Учесници на дебатата ќе бидат:

– Г-дин Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема: „Пчелите, чувари на живиот свет”,

– Проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со излагање на тема: „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството”, и
– Проф. д-р Татјана Миткова, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со излагање на тема: „Климатски промени – која е улогата на почвата?”

Модератор на настанот ќе биде г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје, а за истиот ќе има обезбедено симултан превод.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.