Во рамките на ревијата „Недела на јапонски филмови“, во киното „Браќа Манаки“ со почеток од 19 часот, вечерва и утре, пред битолската публика ќе бидат прикажани два филма.
Вечерва ќе биде прикажан филмот „Под отворено небо“, а утревечер „Бурманска харфа“.
Инаку, програмата се состои од филмови со жанровска разноликост, од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња на јапонската кинематографија.
„Нивните креативност и посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика“, велат од Кинотеката.
Оваа ревија „Недела на јапонски филмови“ се организира во соработка со Амбасадата на Јапонија во земјава.
Влезот е слободен.


































