Документарецот “Небо, Точак, Земја” награден на “Златен просјак” во Словачка

301

На адреса на СП БТР Продукција од организаторот на реномираниот интернационален фимски фестивал „Златен Просјак” – Ева Декановска ,кој се одржа на 17 и 18 септември оваа година во Кошице, Словачка, пристигна информација дека документарниот филм „Небо, Точак Земја„ во продукција на СП БТР ја освои специјалната награда од жирито на фестивалот, предвидена од Претседателот на ова фестивалско жири, господинот Роџер Вород.
На овој престижен фестивал кој годинава се одржува по 27. пат учество земаа многубројни филмски остварувања од целиот свет.
Успехот е уште позначаен затоа што се работи за документарец за Ромите и дел од нивната историја преку нивното потекло, миграција, страдања и денешниот нивен статус. Како Продуцент и сценарист потпишан е Зоран Димов. Снимен е низ повеќе држави и континенти.
Неговата премиера беше во месец август 2020 година во Кинотека на Република Северна Македонија. Филмот беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Филмот го очекува уште голем број на фестивалски прикажувања.

Awarded films in The 27th International Film Festival Golden Beggar 2021 Košice, Slovakia.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.