КИНО МИЛЕНИУМ: Вечерва премиера на „Dance in this chaos“

160

Вечерва, со почеток од 20 часот во кино Милениум премиерно ќе биде прикажан „Dance in this chaos“ – краток филм на Мурат Жерка.
Изјава од режисерот Мурат Жерка:
„Неколку месеци престојувавме во едно убаво, но сиромашно маало во градот
Скопје. Населена со ромска заедница. Разговаравме за нивните предизвици и
проблеми, но повеќе слушавме добра музика.
Тие се убави, талентирани, вредни и пред се силни.
Над 100 Албанци, Македонци, Турци и Роми работеа на овој проект со единствена цел, заеднички да бараме промени во нашето општество.
Сите овие убави искуства сакаме да ги споделиме со другите преку нашиот краток филм и нашиот настан.
Ве поканувам да бидете присутни на нашиот настан вечерва бидејќи без ваша помош не би можеле да ги бараме овие промени.“
Синопсис:
Азиз се подготвува за својот прв концерт. Само еден час го дели од остварување на неговите соништа. Но, тука се и дадените препреки кои му го успоруваат патот до целта, и токму тие го охрабруваат Азиз да ги искористи жиците од својата гитара како најмоќното оружје на сите времиња.
Влезот на премиерата е слободен со претходно подигнување на протоколарен билет на билетарница во кино Милениум.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.