„Крик на жена“ – „Врескам во свое име“

1206

Во Македонија, на 28-ми март 2019 год. во Јавна соба Скопје, од 19.30-22.30  традиционално ќе се оддржи, по 4-ти(четврти пат), Меѓународниот фестивал на поезија и уметност “Крик на жена” Македонија 2019 – Woman ScreamМacedonia 2019 (Grito де Mujer), ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional MPI).

Национални координаторки на организацијата на фестивалот во Република Македонија се поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова со поддршка на организацијата „Јустиција”, во заедница со координаторите од други држави од целиот свет.

Секоја година фестивалот има свое мото, а годинава меѓународното мотото на фестивалот е: „Врескам во свое име” (“I scream for myself”).

Овогодинешните учеснички и учесници се: Џаел Урибе – мајка на фестивалот(видео обраќање), Центар за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција) со професорките и професорите по музика: Ѓорѓи Миладиновски, Билјана Камчева, Марија Наумовска, Ерин Селим(гитара , флејта и соло пеење), Марија Џиџева – режисерка(краткометражен игран филм), Дарија Андовска – композиторка, Ивана Балабанова – кореографка (балетски преформанс), Јасмина Билаловиќ – актерка (читање на извадок од драмски текст), Марта Арсовска и Коста Андонов (танцов перформанс – руеда и салса), слемерите Кристиан Кожељ од Словенија, Симоне Саво од Италија, Бејли Кесл од САД – со видео обраќање, поетите и поетесите Маја Мојсова, Сандра Авросиевска, Ирена Белешковска , Д.А:Лори, Ана Љубиќ, Славица Дабевска Кировска, Марина Мијаковска, Перо Сарџоски, Стојан Тарапуза, поп –пејачките Мери Младеновска, Мартија, Валентина Ѓоргиевска Парго, модните дизајнерки(ревија) Моника Блажевска, Александра Јовановска, Сара Реџиќ, изложба на уметниците  Тони и Еми Тоциновски (акрил), Кристијан Бошков  (акварел и темпера), Гордана Винчич (акрил, колаж и комбинирана техника), Игор Љубовчевски (акрил, колаж и комбинирана техника), архитектката Екатерина Намичева, изложба на накит Мирјана Атанасовска.

Настанот ќе го води младата поетеса Ана Љубиќ, фотографија и видео запис Анастасија Павловска , фотографија Фјола Абдулахи, медиумски покровител на настанот “Лица и дела”.

Подржувачи на настанот, Јавна соба” Ресторан и центар за дизајн, иновации и настани, граѓанските организации – Македонска платформа против сиромаштија, Новинари за човекови права, Здружение Хуманост, Yeni Yildiz- Нова Ѕвезда, Јустиција, Студио за танц Вајб, Центар за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција),Продукција “Лица и дела” и Уметничко студио ФАНТАСТ.

Домаќинки на настанот  поетесите Елена Пренџова и Оливера Доцевска& Јустиција

Овој фестивал претставува  светски синџир на настани, прослави во март (од 1. до 31.) каде што поети, уметници и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и испраќаат пораки на самодоверба, почит и го зајакнуваат гласот на јавноста против насилство врз жените. Фестивалот Woman Scream -Grito де Mujer®, се организира во повеќе од 50 земји во светот, од 2011 година, со повеќе од 600 успешни координирани настани и успешно помага вопромовирање на меѓународно ниво на поезијата, поети, поетски  групи, на уметници и луѓе кои учествуваат на различни јазици, како начин да се возврати за слободниот придонес кој го даваат на ова цел.

Овој настан не е во прилог на  радикалните верувања ниту тенденции против мажите. Со посебен пиетет се прифаќа поддршката и соработка од страна на мажите, на каузата која ја застапува овој фестивал. Фестивалот секоја година се организира на волонтерска основа со поддршка на донатори, организации и бизнис сектор.

Оваа година како дел од мултимедијалниот фестивал  ќе се потпише на доброволна основа симболична  Декларација но со силна порака од уметниците, подржувачите, соработниците  и гостите на настанот и ќе ја доставиме до надлежните органи, на истата тема.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.