46 издание на Фестивалот “Браќа Манаки “, ќе почне на 20 септември

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, со своето 46-то издание ќе се одржи од 20-ти до 26-ти септември во Битола.

Годинава во Програмата, е вклучен имаме избор од филмови од најрелевантните филмски фестивали, добитници на награди. На отворањето, ќе биде прикажан македонскиот филм „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој претходно имаше премиера на програмата „Хоризонти“ на филмскиот фестивал во Венеција, а на затворањето ќе биде прикажан македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, наградуван на голем број меѓународни фестивали.

Во жири комисијата на филмовите од официјалната селекција за златна „Камера 300“ се  Денис Ленуар, претседател на жирито, Астрид Хојбрантнер, кинематограферка, Валерио Карузо, директор на веб-страницата „Синеуропа“, Асја Крсмановиќ, босанска сценаристка, драматург и истакната програмерка на филмски фестивали и Митко Панов, филмски режисер.

Според востановената традиција, на фестивалот во Битола ќе се додели и наградата Железна „Камера 300“  за која конкурираат документарни филмови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.