Академикот и поет Ристо Василевски добитник на наградата „Франческо Петрарка“

704

Името на славниот италијански поет и хуманист Франческо Петрарка му е доделена на поетот и академик Ристо Василевски за неговиот голем придонес во светската поезија. Вчера беа соопштени имињата на годинашните добитници на угледната меѓународна награда „Франческо Петрарка”, односно на лауреатите на Меѓународниот книжевен и уметнички фестивал, што секоја година наизменично се одржува во Италија, Германија и Украина.

Годинашен организатор на Меѓународниот книжевен и уметнички фестивал беше Меѓународната академија „ЛИК” (Германија), која обединува автори и дејци од областа на литературата, уметноста и комуникациите од разни земји. На чело на овој фестивал се наоѓа поетесата, раскажувач и ликовен критичар Олена Ананиева.

Меѓу добитниците на ова големо признание за голем придонес во поезијата, покрај Василевски, се наоѓаат и академик Раул Чилачава, угледен грузиски и украински поет, универзитетски професор и дипломат, Михас Пазњаков (Белорусија), Миќо Цветиќ (Србија) и Паул Полидор (Романија), а за голем придонес во областа на прозната уметност наградата ја доби светски познатиот писател Роланд Сеисенбаев (Казахстан).

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.