Чествување на Хусто Хорхе Падрон во Паркот на поезијата во Струга 

14
Струга, 11 април (вторник) 2023 година, 12 часот

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираат свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон. Настанот ќе се одржи во Паркот на поезијата- Струга на 11 април (вторник) 2023 година со почеток во 12 часот.

Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 1990 година, но и голем пријател на Струшките вечери на поезијата е роден на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година.

Во рамки на Програмата на настанот, по официјалните обраќања ќе  бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот. Специјални гости на настанот се членовите на најблиското семејство на лауреатот: неговата сопруга Клементина Филипова де Хорхе Падрон, и Лара де Хорхе Филипова, нивната ќерка.

Петре Бакевски, претседател на Советот на СВП му го доделува „Златниот венец“ на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон во присуство на Јован Стрезовски.

Автор на фотографијата: Душан Ѓоргон.

 

Спомен плоча на лауреатот на СВП за 1990 година, Хусто Хорхе Падрон до дрвото засадено од лауреатот во Паркот на поезијата, Струга.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.