Денешен репертоар на 48.издание на МОТ

45

14.11 2023

Претставите од селекцијата за наградата БИШ

БАКХИ: АГАВА
19:00 МНТ мала сцена
автор: Еврипид, Тамара Барачков режија; Нина Николиќ

„Бакхи: Агава“ е претстава што ги поставува прашањата за издржливоста, страдањето, но и моќта на една жена. Која е цената на нејзиното целосно ослободување?
Агава е жртвата и средството за одмазда на Зевсовиот и Семелиниот син, која како лик отсуствува до самиот крај. Додека се одвива главниот конфликт на линијата меѓу Пентеј — Дионис, Агава прозборува само во последниот чин, по чедоморството. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира/обработи и да ги вербализира. Токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се обидовме да го дефинираме коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Прашањето од кое тргнавме е: која е оваа жена денес?

Играат:
Симона Спировска, Александар Михајловски

Костимографија: Ивана Каранфиловска Угуровска
Сценографија: Ангел Петровски
Дизајн на звук: Александар Арсиќ
Инспициент: Вукица Александрова
Фотограф: Дени Инглизовски
Дизајн на плакат: Димитар Димитров

СПАСЕНИ

20:30 МКЦ Сала 25 мај

автор: Томислав Зајец режија: Дамјан Костовски

„Спасени“ зборува за осаменоста на луѓето во ова сурово и цинично време. Специфичната фрагментарна драматургија на текстот, едноставниот јазик и суптилната духовитост се фундаментот на оваа претстава, а преку брзиот ритам и динамичното темпо како сложувалка се открива приказната на десетте ликови, кои по некоја „случајност“ се наоѓаат заедно на ова патување. Несреќата со возот го менува светогледот на преживеаните патници и нивниот однос кон животот се редефинира и добива една сосема нова смисла.

Играат:
Хари Михајловски, Мирјана Трпковска, Васко Костовски, Кире Ацевски, Владимир Петровиќ, Јоанис Далајоргос, Ведран Чешарек, Елена Кузманов, Горан Ников, Ања Митиќ

Сценографија: Милка Черепналковска
Асистент на сценографија: Екатерина Николовска
Костимографија: Екатерина Добривојеска
Музика: Бојан Филиповски
Извршен продуцент: Батухан Ибрахим
Tехнички соработник: Дамјан Ѓорѓиев

Кенди

22:00 МКЦ Сала 25 мај

автор: по Лук Дејвис и текстови од ХОПС режија;Тамара Стојаноска

„Кенди“ е дуодрама што зборува за зависноста кај младите со фокус на опијатната зависност. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите.
Приказ на едно „современо“ општество, кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначен фактор, кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги, се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

Играат:

Лео Поповиќ, Бобан Алексоски

Адаптација: Тамара Стојаноска
Музика: Лука Тошев
Вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилеска
Фотографија и видео: Тамара Малкоска, Драган Биков

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.