Деталите за ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се знаат во понеделник

3

Деталите за најновото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе се знаат во понеделник, 8 август, кога ќе се одржи прес средба во Скопје.
На оваа прес конференција ќе се обратат: Симеон Мони Дамeвски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“, Игор Иванов Изи, претседател на ДФРМ, Слаѓан Пенев, селектор на главната програма, Марија Апчевска, селектор на кратката програма, Кумјана Новакова, селектор на документарната програма и Ѓорги Пулевски, селектор на студентската програма.
Фестивалот оваа година ќе се одржи со малку поместен термин, наместо во септември ќе биде од 19 до 26 август, во Битола.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.