ДПМ денес слави 76. години постоење

62

На 13 февруари 1947 во Скопје било основано Друштво на писателите на Македонија (ДПМ) — професионално здружение на писателите од Македонија.
Основачи се: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малевски, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.
Досегашни претседатели на ДПМ се: Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Димитар Митрев, Коце Солунски, Коле Чашуле, Бранко Пендовски, Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Благоја Иванов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, Димитар Солев, Петре М. Андреевски, Србо Ивановски, Томе Арсовски, Георги Старделов, Тодор Чаловски, Јован Павловски, Светлана Христова-Јоциќ, Милован Стефановски, Веле Смилевски, Трајан Петровски, Раде Силјан и Соња Стојменска- Елзесер.
Фотографија: Друштво на писателите на Македонија, 1953 година (Преземено од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура)
Стојат: Александар Спасов, Јордан Леов, Лина Малинска, Јован Бошковски, Коле Чашуле, Блаже Конески и Симон Дракул.
Седат: Ацо Шопов, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Васил Иљоски и Димитар Митрев.

Извор: Фејсбук група Македонски јазик

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.