Гласност на уметноста – Филмот за убиството на дете од Газа, со овации на Филмскиот фестивал во Венеција

Филмот од Газа „Гласот на Хинд Раџаб“ доби рекордни 23-минутни стоечки овации, по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, објави Би-би-си.

Реконструкцијата на режисерот Каутер Бен Ханија, ја раскажува приказната за шестгодишната Хинд Раџаб, која била убиена заедно со нејзините братучеди, тетка, чичко и двајца болничари, кои им дошле на помош, откако нивниот автомобил беше отворен од израелските сили во градот Газа во јануари 2024 година.

Филмските фестивали се познати по своите долги овации, но се чини дека ова го засени 22-минутниот аплауз, што му беше даден на филмот „Пановиот лавиринт“ во Кан во 2006 година.

Актерот Мотаз Малхис мавташе со палестинско знаме, предизвикувајќи плач и извици „слободна Палестина“, додека добиваше најголем одѕив на овогодинешниот настан во Венеција. Минатата недела, голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Хоакин Феникс и Руни Мара, како и Бред Пит, Алфонсо Куарон и Џонатан Глејзер, се придружија на филмот како извршни продуценти.

Феникс и Мара беа присутни на фото-конференцијата во Венеција, а присуствуваа и на емотивната премиера во среда, каде што екипата на филмот држеше фотографија од покојната Хинд Раџаб во текот на целото време на овациите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.