Јавен повик за режисери и студенти по режија за учество во „Мајсторски работилници за актери и реисери 2“

440

Театарот на Навигаторот Цветко и Кино Култура, организираат трета серија мајсторски работилници водена од Иван Поповски – „Конфликт!“. „Мајсторски работилници за актери и режисери 2“ се организира веќе две години и е ретка можност младите режисери и студенти да работат и учат заедно со режисерот Иван Поповски.

 Пријавување на е-маилот на [email protected] со вашето име и презиме, година и класа на дипломирање или година и класа во која во моментов студирате, појаснуваат од Кино Култура.

Иван Поповски е македонски режисер со руска „школа“, кој живее и работи во Москва повеќе од две децении. Роден на 2 мај 1969 во Скопје. Беше примен на театарска режија на Државниот институт за театарска уметност (ГИТИС) во 1988 година. Дипломираше во 1993 година, во класата на познатиот руски режисер Пјотр Наумович Фоменко.

Работилницата е дел од програмата „Мајсторски работилници за актери и режисери 2“ организирана од Театар на навигаторот Цветко  и проект просторот Кино Култура и за учество на неа според соопштението на Кино Култура, можат да се пријават професионални, дипломирани режисери или студенти по театарска режија. Работилницата ќе се одвива на платформата „Зум“ а проектот е поддржан од Општина Центар, Град Скопје и Министерството за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.