Промоција и изложба на слики во КИЦ

1967

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на Промоција на книгата ЗДИВ“ , и изложба на слики од Христо Петрески, на ден 8.04.2019г. – Изложбен салон-Империјал 1, почеток во 12:00часот.

Поетската книга “ЗДИВ, содржи шест циклуси и вкупно 74 песни.Во неа има графички и содржински иновации и експерименти, а на тематско-мотивски план опфатени се: градот, совремието, животот, зборот, сликата…

Инаку, Петрески како писател е добитник на наградите:  Ацо Шопов, Иво Андриќ, Гогољ, Радиново признание, Гоцева повелба, Крсте Петков Мисирков, Радое Домановиќ, Бора Станковиќ, Ванчо Николески, Васил Куноски, Јован Котески, Крсте Чачански, Гран при, Книжевно перо, Книжевен круг и многу други.

Христо Петрески со сликарство активно се занимава од 2010 година и досега има одржано седумнаесет самостојни ликовни изложби во Република Македонија и три во Република Србија (Врање, Алексинац, Белград).

Пишува ликовна критика и автор е на книгата Ликовната уметност е она што (не) се гледа.

Како универзитетски профессор на Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид го предаваше предметот Визуелни уметности.

Проф.д-р Христо Петрески е редовен професор и директор на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје.

Книгата ќе ја промовира,проф.др.Кристина Николовска,за ликовното творештво ќе зборува   проф.др.Кирил Темков, а стихови од книгата ќе чита авторот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.