Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

58

24.04.2024

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Не сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика.
Следните настани се исто така концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се: 24.9 – „Пијан Славеј“, 25.9 – „Кец на десетка“, 26.9 – „Не се клади на Енглези“, 27.9 – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез- оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1.10 и свеченото затворање на летната сцена го заокружуваме на 2.10 со култниот рок бенд „Архангел”- Македонски подобро звучи Едиција 4.
Сите настани се со почеток во 21:00 часот, а билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.