Ферид Мухиќ ја промовира книгата „Бигор шарпланинецот“

34

На 15 ноември (среда), во Културно-информативниот центар, со почеток од 19:19, часот ќе се одржи промоција на новата книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“.
вој роман во раскази, во издание на Издавачки центар ТРИ, е извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и воопшто за сеопштата поврзаност во природата.
Отворена покана до сите да бидат дел од дискусијата на Ферид Мухиќ и неговата промоторка Виолета Танчева- Златева, кои ќе ги воведат идните читатели во содржината на овие страници посветени на луѓето и животот. А за оние кои веќе успеаја да ја прочитаат книгата, разговорот со познатиот автор ќе биде одлично толкување и надополнување на пишаните зборови.
Според д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој проф. Мухиќ подготвуваше безброј студенти за влез во водите на филозофијата, оваа „трогателна сага“ е неверојатен прирачник за живеењето, навраќање кон вистинските вредности на животот. Мухиќ целосно маѓепсува со своите зборови, носејќи нè до едно друго ниво во нивната длабочина.
Филозоф и поет, научник и учител, Ферид Мухиќ има впечатлив опус со 52 објавени книги. „Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“ ја надополнува не само авторовата биобиблиографија туку и македонската книжевна ризница.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.