Скопскиот џез фестивал си доби поезија: Време е за џез!

15

Скопје 14 октомври 2022

Скопската публика синоЌа беше погалена од стиховите на поетот Владимир Мартиновски, со кои почна Скопскиот џез фестивал 2022, а директорот Оливер Белопета го прогласи за отворен.
Стиховите се наменски напишани и посветени на овој реномиран фестивал, со кој Македонија со децении е впишана во мапата на светски културни настани

***

Со векови ветрот упорно ни шушти:
Грабнете гитари, баталете пушки,
Со харфи и труби милувајте души,
Со флејти и конги терајте си журки.

Со векови реката слухот ни го гали:
Песната секој бол знае да го смали,
Кога надоле сè ве влече и мами
Нагоре итајте по музички скали.

Време е за џез!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.