Музичката елеганција на познатите арии го направи Василичарскиот концерт прекрасен!

59

Две вечери по ред, на 12 и 13 јануари 2024 се одржа традиционалниот Василичарски концерт во Опера и Балет, на кој се пееја познати оперски арии од Чајковски, Биде, Росини, Моцарт и многу други славни композитори.
Концертот почна со полонеза од операта „Евгениј Онегин“ од Чајковски, со која настапи балетот при Националната опера и балет, со впечатлива балетска точка.
Вокалниот дел го отвори Наде Талевска со арија од операта „Грофица Марица“ од Калман, а потоа следуваа изведби на повеќе пејачи: Весна Гиновска- Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп-Томова, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски и Владимир Саздовски кои го испеаја и дуетот Дон Џовани и Лепорело од операта „Дон Џовани“.
Весна Гиновска- Илкова освен соло изведба имаше и дует со Сандра Митровска, пеејќи дел од операта „Норма“ од Белини.
Со настап на хорот на Операта кој испеа сцена од „Трубадур“, завршија овие музички спектакли.
Многу елегантно делуваше на сцена а посебно вокалниот дел на пејачите беше одличен, со оглед на добриот избор на изведувачи.
Со концертот диригираше Клод Лаплам, од Канада.
Режисер на концертот беше Дејан Прошев, концерт мајстор Јане Бакевски, хор мајстори Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска а кореограф е Саша Ефтимова.
По повод Василица, на 13 јануари гостите беа послужени со лепче и најсреќниот посетител кому му падна паричето доби можност за бесплатно следење на концертите во текот на цела сезона.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.