На 4 јули комедијата “Име” во Гевгелија

26
 За 4 јули, 2022 година (понеделник), со почеток во 20 часот, е закажана втората изведба на хит-комедијата „Име“, во продукција на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија. Сите оние кои ja пропуштија премиерата, имаат можност да ја проследат двочасовната актерска игра на нашите познаници-актери аматери од Гевгелија и Богданци, членови на Драмската секција и да уживаат во приказната за животните сопатници, за
најблиските пријатели, за она што го знаеме за нив, она што го кажуваме, но и за она што го премолчуваме. Претставата на хумористичен начин ја разоткрива вистината на нашите херои, вистина која секој од нас може да ја почувствува како своја.
Во претставата играат: Катерина Петковска, Лазе Николов, Силвестер Проле, Влатко Сапламаев, Тијана Ристовска и Светлана Стојковиќ со нејзина епизодна улога.
 Билетитите за втората изведба на „Име“ по цена од 150 денари се пуштени во продажба, а истите можат да се резервираат и купат во просториите на Народниот театар.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.