НА ТРЕТИ МАРТ: “Вечното танго”, со танго и поезија

65

Традиционалниот настан „Вечното танго“ во организација на „Ј.У. Дом на културата Кочо Рацин“ ќе се одржи во петок, на 3-ти март, во Галерија КО-РА (поранешно Дом на градежници, спроти Гимназија „Јосип Броз Тито). И оваа година нуди богата содржина.
Станува збор за мултимедијална изложба со учесници од над 10 земји од светот и танго игранка (милонга) по отворањето на изложбата.
Во рамките на овој настан, ќе има поетско читање и перформанс на тема “Танго”. Ќе присуствуваат околу 25 поети меѓу кои и Владимир Мартиновски, Драгана Евтимова, Емељ Туна, Љубинка Мијал Донев, Силвана Димитриевска и други.
Влез слободен.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.