Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ на 21 октомври 2024 година ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ.
Според селекторот на фестивалот, Горан Дамјанац, кој во изминатиот период имал можност да изгледа повеќе претстави, но по изборот на продукциите, решава оваа година селекцијата да биде насочена кон поединечни, големи мајстори на театарската уметност. Тој вели дека театарот е колективна уметност, ефемерна магија која пркоси на сѐ. Да се биде уметник во ова време е да не се гледа во часовникот, да се негува својот талент. Тој е подготвен да им даде поттик на своите помлади колеги.
Во претставата од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.
Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.