Две вечери- “Фестивал за класичен балет и модерен танц 2024”

18

На 7 и 8 јуни 2024 година, во Македонскиот народен театар се одржува Фестивалот за класичен балет и модерен танц, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. Уметничката директорка на фестивалот е Маја Каревски.

Награда за животно дело ѝ е доделена на професорката Елисавета Кушовска, а во нејзина чест, на неколку дела ќе играат нејзини некогашни ученици, а денешни солисти во Националната опера и балет.

Втората фестивалска вечер ќе се отвори со балетската секција на ДКЦ „Карпош“, а ќе учествуваат и балерини од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, балетското студио „Балерина“ и од денс студиото „Мак“ од Куманово.

Годинава ќе имаат гости од Турција и Иран, а меѓу нив е и неколкукратниот светски првак во современ танц Анди Исмаили.

Учениците од СУГС „Димитар Влахов“ ќе се погржат за шминката и фризурата на дел од учесниците.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.