Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни

14

На 26 јуни 2024 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024.

На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.

Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.