Современиот балет во три слики „Пепелашка“ во Опера и балет

14

На 27 септември со почеток во 20.00 часот

Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе
на сцената на Националната опера и балет на 27 септември со почеток во 20.00 часот.
Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ.
Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски.
Дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), дизајн на светло: Милчо Александров, асистент-
кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова, Дафина Данилоска- Кочевска, асистент-костимограф е Ангела Богеска.
Приказната за „Пепелашка“ на сцена ќе ја пренесат: Наташа Трендафилова Гицев
(Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук (Англија), Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“ вели дека оваа поставка на
„Пепелашка“ не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст.
-Нашата Пепелашка ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 70-тите години на минатиот век. Поточно, во време на популарноста на филмот “Брилијантин”, со најпознатата улога на Џон Траволта, и со самото тоа се поигравме со нашата “Пепелашка” во тоа време.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.