Почина актерката Билјана Беличанец- Од театарот до вечноста

2623

Денеска јавноста во жалење ја прима веста за прераното зaминување на актерката Билјана Беличанец, која вчeравечер била најдена мртва во стан во центарот на Скопје.

Билјана Беличанец  (25 .07.1973  – 06.04.2019), според досегашните информации се работи за самоубиство, што уште повеќе внесува немир кај јавноста, бројната публика и пријателите, кои го следеа  нејзиниот професионален пат во Театарот, на малите екрани и филмските платна.

Родена е на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломира како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Во 1997 година преминува во Драмски театар – Скопје. Во својот работен век одигра многу претстави, освои многу успешни улоги и беше дел од многу проекти од областа на културата.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградата за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“. Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Пошироката јавност ја препознаваше  по синхронизацијата на македонски, на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, поради ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“, кој го синхронизираше во повеќе телевизиски сезони.

Во период од 2013 до 2017 година, еден мандат беше на функција градоначалник на Општина Кисела Вода.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.