Промоција на книгата “Медиумите и идентитетот”,од  Биљана Рајчинова-Николова

886

На 16.12.2019г.во Изложбениот салон-Империјал 1,  почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана книгата “Медиумите и идентитетот”,од  Биљана Рајчинова-Николова.

Биљана Рајчинова-Николова е родена во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, оддел Интердисциплинарни студии по новинарство,  Магистрирала на Институтот за македонска литература – Скопје  при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, студиска програма интердисциплинaрни културолошки студии во книжевност во 2013 година, на темата Егзодусот, Егејското прашање и Другоста под менторство на проф. д-р Ангелина Бановиќ-Марковска, со што се стекнува со научен назив – Магистер по културологија (во книжевноста). Докторирала на Институтот за македонска литература – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, студиска програма интердисциплинaрни културолошки студии во книжевноста во 2017 година, со одбрана на докторската дисертација Концептите на поимот идентитет во македонските печатени медиуми под менторство на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, со што се стекнува со научен назив – Доктор по културолошки студии.

Произлезена од одбранетиот докторски труд на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, монографијата „Концептите на поимот идентитет во македонските печатени медиуми“ на Биљана Рајчинова, отвора и поставува низа прашања кои поврзуваат различни аспекти на идентитетот: од прашањето за идентитетот како есенција, преку прашањето за неговата преодност, па сé до прашањето за идентитетот како културен конструкт, при што важна улога и функција имаат медиумите.

Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски, музичка изведба Билјана Петровска-пијано.

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.