Почетна КУЛТУРА Литература Промоција на стихозбирката “Домот на љубовта” на Анита Бошкова

Промоција на стихозбирката “Домот на љубовта” на Анита Бошкова

Среда, 12 февруари 2025 година, со почеток од 19.00 часот во просториите на Библиотека Феткин, ќе биде одржана промоција на стихозбирката “Домот на љубовта” од нивната сограѓанка Анита Бошкова. Настанот ќе се одржи во рамки на „Нeдела на вино и традиција“ посветена на празнувањето на Св. Трифун.
-Стиховите на нашата Анита Бошкова ќе се распостелат со својата љубовна убавина врз сите љубители на поезијата и песната, посетители на овој настан, кој ќе биде надополнет со песна која ќе ја збогати нашата Талиа Василова со нејзиниот нежен глас. Сите кои сакате да уживате во празничната традиција на Свети Трифун повелете вечерва во 19.00ч во Библиотеката “Феткин”- Кавадарци. Заедно да ги споиме виното, љубовта, песната и поезијата, да наздравиме со добра поезија, гласи поканата од организаторот.

Книгата, овој петок на 14 февруари, пак, ќе биде промовирана и во Скопје, во рамките на традиционалните “Дебармаалски серенади и закројување на лозница”, што ги организира познатиот уметник Живко Поповски Цветин.
metropolis-big