Институтот за истражување и анализа на политики “Ромалитико”, Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо ило“ Скопје, РКМЦ “Бариканипе”, организира настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик.
Настанот ќе се одржи на 4. ноември 2024 со почеток од 18:30 часот во Едукативниот културен центар “Лабораториум”.
Насловен е Šun Romane- “Слушни ромски”. Покрај панел дискусија на ромски јазик организирана од РКМЦ “Бариканипе”, ќе има Креативен перформанс организиран од НВО “Романо Ило”
– На настанот ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик, а ќе има и можност да добиете книги од нашите соработници, нѐ информираат од тимот на “Ромалитико”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.