Се одржаа “Стихувалки- Скопје 2024

61
На 15.06.2024 година во големиот салон на Галерија “КО- РА” во ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје се одржа VII Фестивал на поезија за деца” насловен “Стихувалки”- Скопје 2024, во организација на  издавачката куќа ЕДУКА -МАК”. Автор на проектот е Ели Маказлиева.
По повод завршната манифестација на проектот  беше промовирано овогодишното издание на поетската збирка “Стихувалки 2024” во кое се претставени преку 90- тина селектирани творби по конкурсот на кој пристигнаа 139 творби од  домашни афирмирани и неафирмирани автори, но и од автори од надвор, од повеќе соседни земји. Жири комисијата додели награди во повеќе категории кои беа доделени по концертниот настап.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.